Зошто општината не е транспарентна?

3 мин. читање

Во формуларот за слободен пристап до информации од јавен карактер стои дека врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер се бара соодветна информација од имател на информацијата. Во член 4 стои: Слободен пристап до информации имаат сите правни и физички лица. Додека во член 12: Секој барател врз основа на барање има право на пристап до информација од имателот на информации со кои располага, и тоа со увид, препис, фотокопија или електронски запис.

За наше истражување и анализа, какви дополнителни кадри вработува општината со договор на дело, поднесовме барање за слободен простап до информации од јавен карактер и тоа со следната содржина:

Листа на сите вработени во Општина Струмица со договор на дело, хонорарен ангажман или работа на проект во моментот на поднесување на барањето.

На истото ни беше даден следниот одговор:

Во Општина Струмица во моментот со договор на дело има ангажирано вкупно 6 (шест) лица. Имајќи предвид дека бараните податоци содржат лични податоци, истите Ви ги гоставуваме како вкупна бројка, повикувајќи се на член 6 од Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер и член 1 од Закон за заштита на лични податоци.

Во член 6 став 2 од законот за слободен пристап до информации од јавен карактер стои дека може да се одбие давање на информации доколку: личен податок чие откривање би значело повреда на заштитата на личните податоци. Заради што побаравме правна помош и ни беа дадени следните информации:

Јавниот интерес за транспарентност во работата на институцијата и трошењето на јавните средства преовладува над правото на заштита на личните податоци во овој конкретен случај.

И сега остануваат отворени прашањата: Кого се обидува општината да сокрие? Дали станува збор за лица кои се вработени во други институции каде земаат плата, а не извршуваат работни задачи и дополнително земаат хонорари од општината?

Извори:
Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер
Формулар за слободен пристап до информации од јавен карактер