Кривична за претседател на ловечко друштво за проневера на над 1,3 милиони денари

1 мин. читање

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Д.Р. (41) од Струмица, поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело „проневера во службата“ по член 354 од Кривичниот законик. Пријавениот, во својство на претседател на ловечко друштво од Струмица, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во текот на 2024 и 2025 година од трансакциската сметка на друштвото на која бил овластен потписник, во повеќе наврати подигнувал поголеми износи на парични средства кои ги присвоил за себе. За подигнатите средства тој немал соодветна оправданост или сметководствено покритие, со што прибавил противправна имотна корист во вкупен износ од 1.326.787 денари, сума за која е оштетено ловечкото друштво.

Извор:
Веб страна на МВР