Засилени инспекциски контроли – запленет бакар и изречени глоби за загадувачите

1 мин. читање

Инспекциските служби на Општина Струмица, во тесна координација со СВР Струмица, спроведоа засилени акции на терен со цел спречување на загадувањето на воздухот и нелегалното управување со отпад. Од три физички лица се одземени вкупно 31 килограм бакар. Против еден правен субјект кој управувал со отпад без соодветна дозвола е покрената постапка за спогодување пред Комисијата на Министерството за животна средина. Шест лица се казнети со по 50 евра поради прекршување на Одлуката за комунален ред. Четири лица се казнети со по 250 евра од страна на инспекторот за животна средина поради согорување на отпад на отворено, согласно Законот за управување со отпадот.

Покрај вонредните акции, општинскиот инспектор за животна средина спроведува и редовни контроли кај компаниите кои поседуваат Б-интегрирана еколошка дозвола. Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, порача дека од надлежните служби очекува максимална посветеност и навремено дејствување во рамките на законот. Тој исто така упати благодарност до граѓаните за се поактивната соработка, нагласувајќи дека нивната улога е клучна за постигнување вистински промени во заштитата на животната средина.

Извор:
Facebook страна на Општина Струмица