122 години од „За македонцките работи“

1 мин. читање

На денешен ден, пред точно 122 години, македонската историја забележува национален пресврт. На 25 декември 1903 година, во печатницата на „Либералните клубови“ во Софија, од печат излезе книгата „За македонцките работи“ на визионерот Крсте Петков Мисирков.

Мисирков во своето дело ќе напише:
„Треба да се прости на секого и се; треба да се прости, оти сега ќе се зафати нова, светла, но тешка работа: создавање на македонска народна литература.“