Спомен на Груев и Чаулев

1 мин. читање

Дамјан Јованов Груев – Даме Груев

На 23 декември 1906 година, во борба со османлиската војска кај селото Русиново, загина Дамјан Груев, еден од основачите на Македонската револуционерна организација (МРО). Роден во Смилево, Груев беше клучната фигура во организирањето на Смилевскиот конгрес и Илинденското востание. Познат по својата мудрост, скромност и организираност, тој останува запаметен како еден од највлијателните македонски дејци. Тој остави зад себе завет кој и денес одекнува: „Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај“. Неговите мошти денес почиваат во неговото родно Смилево.

Петар ЧаулевЕзерскиКарабиберКараормански или Мајски

Денес се потсетуваме и на Петар Чаулев, човекот кој го посвети својот живот на ослободувањето на Македонија. Роден во Охрид, израснат во духот на револуцијата, тој стана страв и трепет за поробувачот, но и надеж за македонскиот селанец. Како охридски војвода и активен учесник во Илинденското востание, тој покажа невидена храброст во борбите кај месноста Рашанец, каде што ги штитеше бегалците и народот. На 23 декември 1924 година, во Милано, Италија, згасна животот на Петар Чаулев, еден од најмаркантните македонски војводи и членови на Централниот комитет на ВМРО.

Извори:
Wikipedia за Дамјан Груев
Wikipedia за Петар Чаулев