Склучен е договор за јавна набавка помеѓу Општина Струмица и Друштво за производство, услуги и трговија ШАЛОМ-ФУД ГРУП ДОО Струмица со предмет на јавна набавка Ресторански услуги (за организирање на традиционален свечен ручек за гости по повод празникот на градот св. 15 Тивериополски свештеномаченици). Во финансиската понуда стои дека ќе се потребни околу 200.000 денари за организирање на скромна и пристојна прослава каква и што доликува за таков повод. Направена е отстапка и приготвена е елитистичка прослава со „Од пиле млеко“ која дупло го надминала очекуваниот буџет и изнесува 399.999,94 денари. Нормално цехот за таквата гламурозна прослава го плати скромниот и напатен народ.
Да не заборавиме тоа се пари на народот и со тие пари можеше да се обезбеди пристојна божиќна трпеза за 130 социјално загрозени фамилии од по 3.000 денари.
Извори:
– Е-набавки