Премиера на „Диџеј Ахмет“ пред струмичката публика

Среда (17 декември), во 20:00 часот, бидете дел од незаборавната кино-вечер со „Диџеј Ахмет“ – емотивна приказна за слободата, музиката и традицијата.

2 мин. читање

По успешниот поход на меѓународните филмски фестивали, каде што ги собра симпатиите на критиката и бројни награди, долгоочекуваниот долгометражен филм „Диџеј Ахмет“ на режисерот Георги М. Унковски ја доживува својата премиера.

Дејството не носи во автентичниот амбиент на едно македонско јуручко село. Во центарот на приказната е 15-годишниот Ахмет, момче распнато помеѓу строгите очекувања на неговиот конзервативен татко и желбата за сопствен пат. Додека неговата заедница живее според вековни традиции, Ахмет го наоѓа својот „вентил“ во електронската музика. Неговата борба за слобода дополнително се усложнува со првите љубовни искри кон девојка која веќе е ветена на друг.

„Диџеј Ахмет“ е вешта комбинација на драма и суптилен хумор, која преку моќниот ритам на музиката го прикажува судирот на два света.

Екипа и продукција:

  • Режија и сценарио: Георги М. Унковски
  • Улоги: Ариф Јакуп, Агуш Агушев, Дора Акан Златанова, Аксел Мехмет, Селпин Керим, Атила Клинче.
  • Копродукција: Северна Македонија, Чешка, Србија и Хрватска.

„Електронската музика станува негов излез од традиционалните ограничувања и симбол на надеж и слобода.“

Информации за настанот:

  • Место: НУЦК „Антон Панов“ – Струмица
  • Датум: 17.12.2025 (среда)
  • Време: 20:00 часот
  • Билети: 250 денари
  • Важна напомена: Билетите се продаваат исклучиво на билетарницата, која работи секој ден од 13:00 до 20:00 часот.

Извор:
Facebook страната на НУЦК Антон Панов