Според брзината на одењето – пешачењето може да се предвидат повеќе работи.
Брзината на одење на возраст од 45 години има улога не само во физичкото здравје, туку и со здравјето на мозокот во средниот период од животот, па дури и во раното детство. Наодите, објавени во JAMA Network Open, сугерираат дека едноставен тест за тоа колку брзо оди една личност може да биде корисен индикатор за тоа како стареат и телото и мозокот.
Тимот на научници на Универзитетот Дјук, Дарам, Северна Каролина, ги анализирал податоците од 904 учесници во мултидисциплинарната студија за здравјето на популациска студија која следела 1.037 лица кои биле родени помеѓу 1972 и 1973 година во Данидин – Нов Зеланд. На таа студија , научниците го анализирале физичкото и когнитивното функционирање на 45-годишните учесници и го снимиле нивниот мозок во МРИ скенер. Кај сите учесници најпрво била измерена когнитивната функција кога биле на 3-годишна возраст.
Брзината на одење – колку брзо секој човек се движи често се користи за тестирање на физичкиот капацитет на постарите возрасни лица и за предвидување на ризикот од идни болести, инвалидитет и смрт. Оваа студија покажа дека брзината на одење може да се користи слично кај помладата популација. Учесниците со побавна брзина на одење имале повеќе физички ограничувања, како што се послаба сила на стисок на раката и поголеми тешкотии при станување од стол, од оние кои оделе побрзо. Дури и нивните лица биле оценети како да стареат со побрзо темпо.
Дополнително, учесниците со побавна брзина на одење старееле побрзо, мерено со сет од 19 биомаркери кои вклучувале индекс на телесна маса, крвен притисок, нивоа на холестерол, кардиореспираторна кондиција и здравје на непцата – гингивите. Овие биомаркери биле мерени на возраст од 26, 32, 38 и 45 години, што им овозможило на истражувачите да проценат како учесниците старееле со текот на времето.
Во однос на здравјето на мозокот, учесниците со побавна брзина на одење имале знаци кои почесто се среќаваат кај постарите возрасни лица, покажале резултатите од спроведените снимки на магнетна резонанца на испитуваните учесници во студијата. Во споредба со учесниците кои оделе побрзо, тие имале помал мозок, потенок кортекс на мозокот (дел кој го контролира размислувањето, обработката на информациите и другите мозочни функции) и повеќе хиперсигнални промени на белата маса на мозокот – знак на васкуларна болест и фактор на ризик за мозочен удар и деменција. Учесниците со побавна брзина на одење, исто така, имале полоши резултати на тестовите за меморија, брзина на обработка, расудување и други когнитивни функции.
Нешто кое што ги замислило научниците е што луѓето кои учествувале во студијата , оние кои оделе бавно на 45-годишна возраст имале релативно лоши резултати на когнитивните тестови и на 3-годишна возраст. Иако многу фактори, од исхраната до генетиката, можеби влијаеле врз здравјето на мозокот со текот на годините, оваа поврзаност сугерира дека брзината на одење во средната возраст може да биде индикатор за доживотно здравје на мозокот, заклучија истражувачите.
„Брзината на одење е едноставен, ефтин индикатор за благосостојба во текот на зрелоста“, напиша Стефани Студенски, доктор по медицина, од медицинскиот факултет на Универзитетот во Питсбург кој излегува со коментар – „Секако, како што сугерираат авторите возрасните во средниот век со бавна брзина на одење се потенцијална цел за интервенции за спречување на инвалидитет и деменција во доцниот живот.“
