Експериментот со куклата Бобо од 1961 година беше еден од најзначајните во историјата на социјалната психологија. Спроведен од Алберт Бандура, овој експеримент значително придонесе за тогашното и понатамошното разбирање на тоа како човечкото однесување се развива под влијание на околината.
Бандура ги вклучи децата од градинката при Универзитетот „Стенфорд“ и ги подели во три групи. Возрасните лица пред децата демонстрирале различни модели на однесување: една група покажувала агресивно однесување кон куклата Бобо, друга пак неагресивно однесување, додека третата група деца не бела изложена на никакво моделирано однесување.
Кога подоцна децата добиле можност да играат со куклата и со други играчки, оние кои претходно набљудувале агресивни возрасни покажале значително повисоко ниво на физичка агресија. Децата кои набљудувале мирно и неагресивно однесување изразиле многу пониски нивоа на гнев и агресија. Забележани биле и полови разлики: машките деца покажале повеќе физичка агресија од женските, додека вербалната агресија била подеднаква кај двата пола.
Со овој експеримент, Бандура покажал дека децата учат социјални однесувања преку набљудување на другите, особено на возрасните. Овие резултати ја оформиле неговата Теорија на социјално учење, во која е нагласено влијанието на социјалната средина врз развојот на однесувањето. Теоријата претставувала значајно отстапување од тогаш доминантните принципи на строгиот бихевиоризам и постави основи за нови насоки во современата психологија.
Овој експеримент нè потсетува дека човекот постојано учи од светот околу себе. Секој наш гест, збор или избор станува невидлив пример за некого. Кога создаваме средина исполнета со смиреност, почит и одговорност, ние не влијаеме само на другите, туку ја обликуваме и сопствената човечност.
На крајот, она што го гледаат децата кај возрасните не е само однесување — туку порака за тоа каква вредност има човекот и што значи да се живее со смисла и достоинство.