Женскиот одбојкарски клуб Наковски Волеј утре ќе го одигра својот втор натпревар во рамки на CEV Challenge Cup, а прв на домашен терен. Натпреварот ќе се одигра во среда, во 19:00 часот, во спортската сала „Парк“ во Струмица, против екипата на Острава од Чешка.
Ова е воедно и прво учество на клубот во европско натпреварување, со што Наковски Волеј го запишува својот историски настап на меѓународната сцена. Во првиот меч, одигран минатата недела во Чешка, струмичката екипа беше поразена, а утрешниот натпревар ќе биде можност да се прикаже подобра игра пред домашната публика.
Настапот во CEV Challenge Cup е потврда на напредокот на женската одбојка во Струмица и резултат на долгогодишната работа на клубот на полето на развој на млади спортистки.