Рудолф Весел (XIX-XX) e германски импресионист. За жал, во литературата не можат да се најдат доволно биографски податоци за овој автор. Работел и живеел во Киле, во германската провинција Баварија.
Рудолф Весел, како и голем број други германски војници бил испратен на Фронтот во Македонија за време на Првата светска војна каде освен што војувал, и сликал. Во тој период го насликал пејзажот ,, Струмица 1917“. Оваа дело е насликано во сликарска техника гваш, со водени бои кои се мешаат со покривна бела боја. Затоа, за разлика од акварелните бои, тие се непроѕирни. Пигментите на боите се врзуваат со гумиарабика, декстрин или синтетичко лепило. Техниката гваш најчесто се користи во минијатурно сликарство или за подготовка на слики во масло.
Периодот кога е насликана Струмица, градот е во екот на Првата светска војна и истиот е дел од Царска Бугарија, се до 1919 година, до потпишувањето на Нејскиот мировен договор кога станува дел од Кралството СХС.
Акцентот на делото ,,Струмица 1917“ е ставен на тогашното централно урбано јадро, просторот помеѓу црквите Св.Кирил и Методиј (егзарската црква), Св.Димитриј (патришиската црква, во урнатини), Хунќар џамија, како и на остатоците од тврдината Цареви Кули.
Извор:
– Влатко Милошовски и Зоран Андонов, Лексикон на странски сликари во Македонија во периодот помеѓу 1850–1950 година, Скопје 2021.