Според Уставот на Република Северна Македонија:
V. ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
Член 114
На граѓаните им се гарантира правото на локална самоуправа.
Единици на локалната самоуправа се општините.
Додека во законот за локална самоуправа се дефинираат надлежностите на локалната самоуправа кои ги пренесуваме во скратена форма:
Член 22
Листа на надлежности
(1) Општините се надлежни за вршење на следниве работи:
- Урбанистичкото (урбано и рурално) планирање;
- Заштитата на животната средина и природата;
- Локалниот економски развој;
- Комуналните дејности;
- Културата – институционалната и финансиската поддршка на културните установи и
проекти; - Спортот и рекреацијата – развојот на масовниот спорт и рекреативните активности;
- Социјалната заштита и заштита на децата – детски градинки и домови за стари;
- Образование – основање, финансирање и администрирање на основни и средни
училишта; - Здравствената заштита – управување со мрежата на јавни здравствени организации
и објекти од примарна здравствена заштита; - Спроведување на подготовки и преземање мерки за заштита и спасување на
граѓаните и материјалните добра од воени разурнувања, природни непогоди и други
несреќи и од последиците предизвикани од нив; - Противпожарна заштита што ја вршат територијалните противпожарни единици;
- Надзор над вршењето на работите од нејзина надлежност и
- Други работи определени со закон.
(2) Надлежностите од ставот (1) на овој член се извршуваат согласно со стандардите и
постапките утврдени со закон.
(3) Со закон се утврдуваат работите од надлежност на општината кои таа задолжително
ќе ги врши.
Додека во законот за влада се надлежностите што ги има владата и нив ви ги претставуваме
II. НАДЛЕЖНОСТ НА ВЛАДАТА
Член 8
Владата, покрај надлежностите утврдени со Уставот, ги врши и следниве работи:
- ја утврдува развојната и економска политика;
- утврдува програма за активности во областа на одбраната и безбедноста и го обезбедува нивното спроведување;
- презема мерки за остварување на слободата на пазарот и претприемништвото, како и мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот;
- го поттикнува економскиот напредок и остварувањето на порамномерен просторен и регионален развој и побрз развој на стопански недоволно развиените подрачја;
- утврдува стратегија за привлекување на странски инвестиции;
- одлучува за располагањето и користењето на државниот капитал во согласност со закон;
- го поттикнува и помага научниот и технолошкиот развој;
- утврдува стратегија и презема мерки за вклучување во европските и евроатланските интеграции и други меѓународни структури;
- ги следи и анализира состојбите за остварување и унапредување на човековите права и граѓанските слободи;
- го поттикнува развојот на институциите на цивилното општество;
- презема мерки за создавање услови за остварување на правата на граѓаните на образование, здравствена заштита, социjално осигурување и развојот на човечките ресурси;
- презема мерки за создавање услови за социјална заштита и социјална сигурност на граѓаните и
- врши и други работи утврдени со закон.
И сега се наметнува прашањето што бараат претседателот на владата, заменик претседателот на собранието и министри од владата на Република Северна Македонија на народни собири по повод локални избори. Ако се беше средено од централната власт па сакаат да дадат свој допринос во унапредувањето на една општина тогаш е во ред, ама далеку сме од таква ситуација. Ние овде сега треба да разговараме, за водата, за воздухот, канализационата мрежа, како ќе продолжи да се урбанизира Струмица, ќе имаме ли навистина велосипедски патеки, доволно паркинг места и сл. Таман работа да имаме претседател на влада што се занимава со овие прашања во секоја општина, тогаш тој не ја врши сопствената работа. И да, за тоа дека ќе има правда, судската власт е независна власт (или треба да биде) и секој што има сознанија за сторен криминал треба да ги достави до обвинителството, а тој што има сознанија и не ги доставува е соучесник.
Што можеа, а не направија… сите влади од 1991 па до сега.
- Струмица е на приближно иста оддалеченост од границата со Република Бугарија и Република Грција, ако се направи автопатско поврзување од едниот до другиот граничен премин кој ќе минува низ Струмица ќе се обезбеди целосна економска независност на овој регион.
- Поставување на Струмица како главен земјоделски центар на државата, сузбивање на зелената мафија, создавање на агро берза.
- Прогласување на Огражден и Беласица за заштитени подрачја.