Кабел направи застој во сообраќајот

1 мин. читање

Паднат кабел направи застој во сообраќајот на булевар “Гоце Делчев” во близина на продавницата за бели пецива “Вкус”. Колите можеа да поминат под кабелот но автобусот кој пренесуваше ученици неможеше. Луѓето од превозникот се обидуваа да го префрлат кабелот преку автобусот за да можат да поминат. Нормално позади автобусот се направи колона и се отежна протокот на возила. Прашањата се:
Дали се води сметка кој смее да поставува кабли?
Дали има некој што регулира дали се добро поставени?
Дали народот е информиран што да прави во вакви случаеви?
И еве локални избори се, дали некоја партија ќе се заложи каблите да се пуштат во подземни канали и конечно да се модернизираме во овој дел?