Струмица лежи во прегратките на планината Еленица, а струмичани неретко пешачат по планината по познатата трим патека до манастирот св. Илија. Сепак оваа планина си има свој врв со назив Острец и се наоѓа на гео локација 41°25’52″N 22°35’28″E и надморска височина од 705 метри. Човек што еднаш е бил секогаш сака да се врати на оваа локација со прекрасен поглед кон вештачката акомулација Водоча и од другата страна кон цело струмичко поле. Најдобра и најпроодна патека за искачување е од селото Попчево, впрочем од другата страна е забранет пристапот до многу убави предели заради стрелиштето мегдан. Рај за очите и мир во душата. Да си ги сакаме и чуваме шумите тие навистина се нашето богатство.






