Екипите на ЈПКД „Комуналец“ денеска се на терен каде работат на санација на дефект на водоводната мрежа во градот, поради што дел од домаќинствата привремено ќе останат без водоснабдување.
Според официјалното известување од претпријатието, прекинот во водоснабдувањето ќе трае во периодот од 08:30 до 13:00 часот, а без вода ќе бидат корисниците на следните локации:
- ул. „Крушевска Република“ — на потегот од ул. „Младинска“ до ул. „Киро Абрашев“
- ул. „Браќа Минкови“ — на потегот од ул. „Киро Абрашев“ до ул. „Младинска“
Од ЈПКД „Комуналец“ апелираат до граѓаните за разбирање, додавајќи дека екипи остануваат на терен се до целосно отстранување на дефектот и нормализирање на водоснабдувањето во овој дел од градот.