Електронските цигари за еднократна употреба, популарни меѓу тинејџерите и младите кои најчесто ги нарекуваат вејп, не се толку безопасни како што на прв поглед изгледаат. Неодамнешните студии покажаа дека овие уреди ослободуваат токсични метали како олово, никел и антимон во пареата на нивоа значително повисоки од оние што се наоѓаат во традиционалните цигари. Во некои случаи, еднодневната употреба на вејп за еднократна употреба испушта повеќе олово отколку пушењето речиси 20 пакувања обични цигари. Познато е дека овие метали предизвикуваат рак, пердизвикуваат оштетување на нервите , прават респираторни проблеми и многу други не сакани ефекти врз здравјето.
Причината за оваа контаминација се препишува во конструкцијата на уредите. Многу вејпови за еднократна употреба содржат метални компоненти како што се грејни калеми и структурни делови направени од оловна бронза, кои можат да го испуштат олово во е-течноста. Со текот на времето, како што се користи уредот, овие метали се распаѓаат и корисникот ги вдишува. Колку подолго уредот е во употреба, толку повеќе метали се ослободуваат, зголемувајќи го потенцијалот за штета.
Вејповите во 2024 година беа забранети во 37 земји меѓу кои земји како што се Бразил, Аргентина, Мексико, Индија, Ирак, Иран, Етиопија, Северна Кореа, Турција… Нивната привлечност, особено кај помладите корисници, е загрижувачка со оглед на значајните здравствени ризици поврзани со нивната употреба. Наодите и извештаите ја нагласуваат итната потреба од построги мерки и регулативи.
Инаку во светот има 7 милиони смртни случаеви годишно кои се настанати како последица од пушењето цигари и околу 1.2 милиони како пасивни пушачи ( односно луѓе кои се во близина на пушачите).
