Успешна спасувачка интервенција на ТППЕ Струмица

1 мин. читање

Вечерва, екипа на ТППЕ Струмица успешно спроведе спасувачка интервенција кај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“, каде што жена се здобила со повреди.

По пристигнувањето на местото, пожарникарите-спасители со употреба на соодветна спасувачка опрема безбедно ја извлекоа повредената и ја предадоа на екипа на Итната медицинска помош, која го презеде нејзиното понатамошно згрижување.

Благодарение на брзата реакција, добрата координација и професионалноста на сите вклучени, интервенцијата заврши успешно.

ТППЕ Струмица и понатаму останува посветена на навремено реагирање и заштита на човечките животи.

Извор:
Facebook страна на ТППЕ Струмица