Ударни мерки од програмата на Левица

Од партијата Левица ги објавија своите ударни мерки како дел од програмата со која ќе настапуваат на локалните избори.

2 мин. читање

Проект „Е-општина“ за елиминација на чекањето ред на шалтер, двосменска општинска администрација и онлајн платформа за пријавување проблем до општината

Забрана за издавање под концесии на јавните објекти и замена на тендер-системот со специјализирани општински јавни претпријатија

Изградба на кружни текови за забрзување на сообраќајот и развивање на „бајк-френдли општини“ фокусирани на развојот на велосипедската инфраструктура

Модернизација на градскиот и приградскиот јавен транспорт со модерни автобуски постојки (во и вон урбаните средини) и возен ред во склад со секојдневните потреби на граѓаните

Планско градење и хортикултурно уредување на секоја зелена јавна површина во општините, со одржување беспрекорно ниво на јавна хигиена, преку секојдневно миење на улиците и редовно чистење на дивите депонии и речните корита

Намалување на загадувањето на воздухот, животната средина и на природата (компостирање, погони за селекција и рециклирање на отпад, примена на „зелени технологии“) – со редовно планско пошумување на јавните површини

Бесплатни градинки и бесплатна исхрана за сите ученици во основните и средните училишта, како и општински возен парк за бесплатен превоз на ученици

Отворање на пензионерски домови за нега и домување на стари и изнемоштени лица

Народни кујни за бездомници и сиромашни лица и шелтер-центри за жртви на семејно насилство

Дневни центри за деца и лица со попреченост и потреба од туѓа нега и внимание

Осовременување на возниот парк на територијалните Противпожарни служби и на возилата за Брза помош

Изградба на стационари за бездомни животни и кучиња-скитници.

Поддршка на локалниот спорт, спортските сојузи и клубови (со реновирање на стадиони, спортски сали и детски игралишта), како и развој на алтернативниот туризам

Пренамена на напуштени објекти, руинирани згради или фабрички хали во автономни културно-социјални центри наменети за младите креативци (за конференциски простор, кафе-книжарници, сувенирници и концерти)

Заштита од штетната ноќна бучава и нарушување на спокојот на соседствата, со забрана за прекумерната бучава од сите гласни машини, кафулиња, верски објекти и сл.