Општинската организација на СДСМ Струмица ги повикува своите членови, симпатизери и сите граѓани на голема изборна конвенција која ќе се одржи на 01 октомври 2025 година.
Настанот е закажан за 20:00 часот во Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица.
Како што најавуваат од партијата, централен дел на конвенцијата ќе биде свеченото претставување на Марјан Даскаловски како нивен кандидат за градоначалник на Општина Струмица.
Покрај кандидатот за градоначалник, на конвенцијата ќе бидат претставени и кандидатите за советници на СДСМ.
Од партиската организација нагласуваат дека присутните ќе имаат можност да се запознаат со визијата, програмата и планот за кој велат дека ќе донесе иден развој на Струмица, со цел градот да стане место на напредок, можности и достоинствен живот.
Конвенцијата се одржува под мотото „Да бидеме заедно! Да ја почувствуваме победничката енергија! За Струмица – За победа!“.