Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица и Одделението за внатрешни работи Радовиш вчеравечер приведоа три лица во радовишкото село Раклиш поради сомнение за поседување на наркотични средства.
Акцијата е спроведена на 26.11.2025 година во 20:15 часот. Слобода им е одземена на: Д.М. (24) од Струмица, К.Ц. (23) од Струмица и Д.М. (44) од село Раклиш.
При извршен преглед на лицата, кај 24-годишниот Д.М. од Струмица полицијата пронашла едно пакување со жолта прашкаста материја и едно пакување со марихуана.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Извор:
– Facebook страната на МВР