Струмичанка заработи кривична пријава за лихварство и закани кон сограѓани

1 мин. читање

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против педесет и тригодишната Ј.Т. од Струмица поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело лихварство. Според информациите од истрагата, пријавената во периодот од 2023 до 2025 година ја искористувала тешката финансиска состојба на свои сограѓани на кои им давала пари на заем, притоа договарајќи и наплатувајќи несразмерно висока камата за себе. Преку ваквите дејствија таа се стекнала со значителна противправна имотна корист на штета на задолжените лица.

Меѓу оштетените е и машко лице кое во неколку наврати позајмувало пари од неа, но откако се соочило со неможност да ја исплати високата камата, пријавената започнала да му упатува сериозни закани по неговиот живот и по животот на членовите на неговото потесно семејство. Целиот случај добил разрешница на 26 февруари 2026 година, кога пријавената договорила средба со оштетениот во близина на нејзиниот дом. На самото место интервенирале полициски службеници од СВР Струмица, кои при извршениот претрес кај Ј.Т. пронашле банкнота од 100 евра која претходно била криминалистичко-технички обработена, со што бил обезбеден клучниот доказ за нејзините незаконски активности.

Извор:
Facebook страна на СВР