Една од големите пречки што ја спречувала работата на партиската организација во Струмица била нејзината изолираност и неповрзаност со другите организации, а и со ЦК на КПМ во периодот на 1943/1944 година. Затоа, Мучето правел големи усилби да се поврзе со соседните партиски организации. Во декември 1943 година, штипјанецот Киро Зенделски, кој се наоѓал во Струмица, добил инструкции од Благој Мучето да замине за Штип, за да ја обнови таму партиската организација.
Воспоставувањето на Месниот комитет на КПМ за Струмица на 11 ноември 1944 година било извршено од пет члена.
Според историските извори, за секретар на овој новоформиран Месен комитет била избрана Елка Јанкова.
Овој настан се смета за значаен во историјата на градот, бидејќи го означува организирањето на партиското раководство по ослободувањето на градот (кога Струмица е ослободена на 11 септември 1944 година) и е дел од повоените политички процеси во тогашната Демократска Федерална Македонија.Градот е поделен на четири реони и во сите тие реони се создадени партисии ќелии. Покрај ќелиите што делуваат во реоните Бабјак, Чифлик, Мааџар маало и Варош, формирана е партиска ќелија и во Монополот, каде што се започнува со редовна работа веднаш по ослободувањето. Ќелиите се поделени во групи. Веќе во декември, бројот на партиското членство во градот се зголеми на околу стотина члена.
Извор:
– Струмица и Струмичко – Д-р Манол Пандевски и Ѓорѓи Стоев – Трнката