Страшна сообраќајна трагедија во верижен судир во Бугарија

1 мин. читање

Денес во Бугарија се случила страшна сообраќајна катастрофа. Станува збор за две огромни верижни сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“, во близина на градот Јамбол. Во несреќата учествувале повеќе од 50 автомобили и камиони.

Се случиле два големи верижни судири, во двете насоки на автопатот. Главна причина, според првичните информации, била исклучително густата магла, во комбинација со влажниот коловоз и несоодветната брзина. Некои автомобили биле целосно згмечени меѓу тешките товарни возила. Еден од камионите се запалил.

Во спасувачката акција учествуваат полицијата, пожарникарите, медицинските екипи, а била вклучена и војската. Според најновите информации на Reuters најмалку 12 лица загинале, а околу 50 лица се повредени.

Дел од повредените се во тешка состојба. Спасувачките екипи со часови извлекувале луѓе заробени во возилата.