Македонскиот филм „17“ е официјален македонски кандидат за 99 – то доделување на Оскарите 2027 година

1 мин. читање

Приказната ја следи седумнаесетгодишната Сара за време на училишна екскурзија. Таа ќе биде сведок на сексуално насилство врз нејзината другарка Лина и двете девојки се обидуваат да го прекинат кругот на насилство, молчење и срам. Тоа е филм за созревањето, солидарноста, насилството и тишината што често ги опкружува жртвите.

Режијата на филмот е на Косара Митиќ и тоа е нејзин дебитантски долгометражен филм. Времетраењето на филмот е 105 минути. Филмот е копродукција помеѓу Македонија, Србија и Словенија (продукција: Black Cat Production, Art & Popcorn, December). Главните улоги се доделени на Ева Костиќ (како Сара), Мартина Даниловска (како Лина), Даме Јовески, Ева Стојчевска и Петар Маниќ.

Македонската кинематографија повторно има филм со сериозен меѓународен фестивалски успех. Последен пат Македонија имаше голем оскаровски успех со документарниот филм „Медена земја“, кој во 2020 година беше номиниран во две категории.

Да се надеваме дека „17“ ќе го продолжи тој пат!