ССМ: Работникот продуктивен над светскиот просек, но со понижувачка плата

1 мин. читање

Најновите податоци на меѓународната организација на трудот го рушат митот за ниската продуктивност на македонскиот работник. Со создадена вредност од 34 долари по час, македонските работници се значително над светскиот просек, генерирајќи речиси 300.000 денари месечно. Сепак, минималната плата покрива едвај 17 проценти од оваа вредност, што јасно укажува на огромниот јаз меѓу сработеното и исплатеното. Додека профитите завршуваат кај сопствениците на капитал, работниците се држат во сиромаштија и покрај тоа што нивната ефикасност е поголема од онаа на колегите во Србија, Црна Гора, Босна и Албанија.

Сојузот на синдикати на Македонија алармира дека постои огромен економски простор за раст на платите, но истиот намерно се блокира од страна на газдите и функционерите. Очигледно е дека не станува збор за недостиг на продуктивност, туку за класична експлоатација и неправедна распределба на создаденото богатство. Наместо изговори, потребна е итна корекција на примањата, бидејќи македонскиот работник создава многу повеќе отколку што е платен.

Извор:
Facebook страна на ССМ