Денес, 25.02.2026 година, во 12:30 часот избувна пожар во атарот помеѓу селата Вељуса и Ангелци, кој поради силниот ветер почна брзо да се шири и да зафаќа поголема површина со сува трева и трски. Територијалната противпожарна единица од Струмица веднаш излезе на терен со две противпожарни возила и шест пожарникари-спасители. Со нивната брза и професионална интервенција, пожарот беше целосно изгаснат околу 15:00 часот, со што е спречено негово натамошно ширење и е избегната поголема материјална штета. Надлежните апелираат на претпазливост и потсетуваат дека во случај на пожар или природна непогода, граѓаните треба веднаш да повикаат на броевите 112 или 193.
Извор:
– Facebook страна на ТППЕ Струмица