Денес претпладне на регионалниот пат Гевгелија – Богданци се превртела цистерна, по што дошло до истекување на нафта и се запалила. ТППЕ Гевгелија брзо пристигнала на местото на настанот по што интервенирала со специјална пена го изгаси огнот кој предизвикал огромен црн чад и тие воспоставиле целосна контрола.
Истекување на нафта од превртената цистерна сеуште има но опасноста од појава на нов оган се сведени на минимум, информираше денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
