Саем на механизација и Државен натпревар на трактористи во Општина Босилово

1 мин. читање

Општина Босилово ги поканува сите земјоделци, љубители на земјоделската техника и граѓани на земјоделски настан кој ќе се одржи денеска, со следната програма:

09:30 часот (Босилово): Саем на земјоделска и приклучна механизација – Одлична можност за земјоделците да се запознаат со најновите технолошки решенија и алатки за работа.

11:00 часот (Еднокуќево – парцели на „Економија“ Бориево): Државен натпревар на трактористи во категорија орање – Проследете ги вештините и прецизноста на најдобрите трактористи во земјава.