Радомир Константиновиќ – Философија на паланката

1 мин. читање
уредно фрлени книги до едни балкански контењери за отпад.

“Ако паланчанецот се признае себеси за субјект, со тоа признание паланката би била загрозена како волја: Таму каде што сум јас субјект, светот не може да биде субјект.

Меѓутоа, паланчанецот повеќе ѝ е верен на паланката отколку себеси, барем врз основа на неговата определба. Тој не е поединец на персонален пат; тој е сума на едно искуство, еден став и еден стил. Она што тој го чува, кога ја чува паланката, тоа е тој став и стил.

Не смее да има преобразба, што значи не смее да има дејство, потребна е пасивност, препуштање на она што е. Но, ова препуштање е, исто така, своевидно дејствување, негативно дејствување.

Пасивноста, исто така, е избор на волја, а нејзиниот јазик (недејствување, непреземање ништо), следствено, е јазик на определба на волјата. Најчесто, ова се губи од вид затоа што паланчанецот, роден во еден затворен свет, не сака да се види себеси како субјект на тој свет, туку како негов објект. Од каде тоа?

Паланштината е нагонски-одбранбено негување на паланечкиот стил како општ стил.”