Причината за заминување: Визија наспроти стагнација

Изјава на претседателот во заминување на ОК Струмица Владо Милев

1 мин. читање

Мојата визија беше вложување во младите и европска ОК Струмица – јасна стратегија и долгорочeн развој. Кога енергијата се троши на убедување на сопствената управа дека клубот не се води од кафуле, тогаш фокусот се губи. Избрав да се повлечам за да останам доследен на моите принципи.

Малкумина знаат колку лични средства и напори беа потребни за да се премости јазот меѓу долговите и шампионските титули. Клубот беше и уште е во финансиски потешкотии, но успеавме да го одржиме на врвот.

Горд сум што донесовме европски шампион во Струмица, соработката со неколкукратниот шампион на Полска – Јастрзебски. Тоа не беше само соработка, туку школа за нашите деца. Мојата одлука да играме со 16-17 годишни момци сезонава беше ризик кој се исплатеше – победата во Штип докажа дека младите можат, ако некој верува во нив. За жал само јас и мал дел на луѓето околу мене веруваа во овој проект.

Како претседател, ја преземам целата одговорност за сè што (не) беше направено. Се повлекувам за да не бидам пречка, но и со надеж дека новата управа ќе има подобар план од ‘преживување од ден за ден’.