Македонија ја реализираше својата 10-та по ред еврообврзница на меѓународниот пазар на капитал, во вкупен износ од една милијарда евра. Средствата се поделени во две транши: 500 милиони евра со рок на достасување од 4 години и 500 милиони евра со рок од 8 години. Четиригодишната транша е со каматна стапка од 3,875%, додека осумгодишната транша е со каматна стапка од 4,750%. Тоа значи дека за четири години државата ќе треба да исплати 519.375.000 евра. За втората транша, за осум години државата ќе треба да исплати 523.750.000 евра или вкупно од оваа еврообврзница 1.043.125.000 односно камата од 43,1 милиони евра.
Според министерството за финансии издавањето на оваа еврообврзница беше предвидено со Буџетот за 2026 година. Најголем дел од средствата, односно 700 милиони евра, ќе бидат искористени за исплата на старата еврообврзница од 2020 година која доспева за наплата. Остатокот од средствата е наменет за покривање на буџетскиот дефицит и финансирање на развојни проекти.
Од министерството велат дека повеќе од 150 еминентни институционални инвеститори од Германија, САД и Велика Британија, вклучувајќи ги најголемите пензиски фондови и осигурителни компании, изразија интерес за македонската обврзница. Процесот беше координиран од водечката „Bank of America“.
Извори:
– Министерство за финансии
– Архива на Министерство за финансии