ПРЕМИЕРА НА ФИЛМОТ „УТРЕ НАУТРО“ од режисерот Јани Бојаџи во Струмица

1 мин. читање

„Утре наутро“ — македонски долгометражен филм од 2025 година, по сценарио и режија на Јани Бојаџи, ќе биде премиерно прикажан во НУЦК ,,Антон Панов” Струмица во петок, 5 декември од 20:00 часот. Филмот претставува моќна и емотивна приказна за човечките избори, последиците и внатрешните судири меѓу личната вистина и притисокот на општеството. Во центарот на приказната се две жени – млад лекар и сопруга на поранешен премиер – кои се обидуваат да избегаат од стегите на американската влада и европските дипломати. Во атмосфера на политичка игра, притисоци и моќ, тие се борат за опстанок во мала земја во источна Европа. Улоги: Нина Деан, Ирена Илиевска, Кети Дончевска-Илиќ, Горан Стојановски, Игор Стојчевски, Васил Зафирчев и др.