Пилешкиот дроб- една од најпотценетата суперхрана во македонските кујни- а истовремено и една од најевтините

4 мин. читање

Дали знаете дека една од најхранливите намирници чини само околу 100 денари за килограм? Пилешкиот дроб е вистинска нутритивна бомба — а повеќето луѓе го игнорираат!

Зошто пилешкиот дроб е суперхрана?

  • Аминокиселинипилешкиот дроб ги содржи сите 9 есенцијални аминокиселини, што го прави комплетен извор на протеини со висока биолошка вредност.
  • Исклучително е богат со витамин Б12 — над 1,000% од дневната норма. Една порција = потреби за цела недела.
  • Богат е со рибофлавин (B2).
  • Исклучително е богат со витамин А — клучен за вид, кожа и имунитет.
  • Претставува одличен извор на железо (хемско) — најлесно е апсорбирано од организмот, одлично против анемија.
  • Богат е со бакар — 500% од дневна норма, еден од најдобрите прехранбени извори.
  • Богат е со фолна киселина — исклучително важна за бремени жени.
  • Е одличен извор на селен.

И сето ова за само 100 денари по килограм — додека пилешките гради, свинското и говедското месо чинат и по неколку пати повеќе!

Споредба на пилешкиот дроб со пилешки гради, свинско и говедско место (на 100г зготвено месо):

Хранлива вредностПилешки дроб Пилешки гради Свинско ребро Говедски слабински стек
Калории167 kcal165 kcal291 kcal206 kcal
Протеини24.5 g31.0 g23.7 g26.0 g
Масти6.5 g3.6 g23.0 g10.0 g
Јаглехидрати0.7 g0 g0 g0 g
Холестерол560 mg85 mg85 mg71 mg

Минерали

МинералПилешки дробПилешки градиСвинско реброГоведски стек
Железо8.8 mg0.7 mg1.1 mg2.6 mg
Цинк3.3 mg1.0 mg2.9 mg5.3 mg
Селен55 µg27 µg33 µg28 µg
Бакар0.5 mg0.04 mg0.1 mg0.08 mg

Витамини

ВитаминПилешки дробПилешки градиСвинско реброГоведски стек
Витамин A3,300–4,000 µg RAE13 µg0 µg0 µg
Витамин B1216–17 µg0.3 µg0.6 µg2.5 µg
Фолати (B9)560 µg4 µg7 µg10 µg
Рибофлавин (B2)2.3 mg0.1 mg0.2 mg0.2 mg

Вредностите се прикажани според USDA FoodData Central стандарди, нормализирани на 100 g готвена храна (печена/динстана/варена во зависност од производот), со унифициран метод за споредливост меѓу различни видови месо. Извор: USDA FoodData Central: https://fdc.nal.usda.gov/

На што треба да се внимава?

  • Пилешкиот дроб содржи многу висока количина на витамин А, па не се препорачува да се јаде во големи количини секој ден.
  • Има висока содржина на холестерол, но кај повеќето здрави луѓе холестеролот од храната има значително помало влијание врз нивото на холестерол во крвта отколку заситените и транс мастите.

Извори:

  • USDA FoodData Central — fdc.nal.usda.gov
  • Healthline: “Chicken Liver Nutrition” — healthline.com
  • Nutritionvalue.org
Автор:
Др. Дарко Котев е специјалист по хигиена и јавно здравје. Има искуство со… повеќе