Патувањето на Тина Русева на „The Voice Of Germany“ заврши, но нејзиното срце е пополно од кога било!

2 мин. читање

Македонската музичка надеж, Тина Русева, синоќа и официјално го означи крајот на нејзиното извонредно патување во популарното германско музичко шоу „The Voice Of Germany“. Иако не успеа да помине понатаму во натпреварувањето, младата пејачка ја сподели својата емотивна порака до фановите, нагласувајќи дека ова е само почеток на нејзината кариера.

Во искрена објава на социјалните мрежи, Русева напиша:

„Епа луѓе мои тука се затвора едно прекрасно поглавје. Моето патување на „The Voice Of Germany“ заврши, но моето срце е пополно од кога било.“

Русева упати срдечна благодарност до сите што ја поддржуваа, истакнувајќи ја неверојатната емоционална поддршка што ја доби од публиката.

„Од срце ВИ БЛАГОДАРАМ! Благодарам на секоја душа што веруваше во мене, ме поддржуваше, се молеше за мене и се возеше покрај мене на овој ролеркостер од емоции. Никогаш не замислував дека толку многу срца ќе чукаат со моето… и ќе го носам тоа чувство засекогаш.“

Најсилната порака што Тина ја испрати е дека нејзината музичка приказна не завршува тука. Напротив, таа е уверена дека ова е само почеток.

„Ова не е крај. Ова е само почеток. Мислев на секој збор што го ветив: „Ова е само почеток“. И искрено… не можев да замислам поубав начин да започнам.“

Македонската пејачка заврши со изјава полна со љубов, ветувајќи дека сета поддршка што ја добила ќе ја инспирира за идните проекти: „Ве сакам сите“

Извор:
Facebook страната на Тина Русева