Општина Струмица доделува 20 простории во Касарната за граѓанските организации и фондациите

2 мин. читање

На иницијатива на градоначалникот Петар Јанков, Општина Струмица објави Јавен повик за распределба и доделување на општински простории на времено користење на здруженија на граѓани и фондации. За оваа намена се ставаат на располагање вкупно 20 простории, распоредени на приземјето и на првиот кат во делот од општинската зграда во поранешната Касарна Струмица.

Услови и право на учество: Право на учество на Јавниот повик имаат граѓански организации и фондации кои се официјално регистрирани во Општина Струмица. Организациите на кои во рамките на претходната процедура од 2020 година им беа доделени простории во истиот објект и кои сѐ уште ги користат, имаат право повторно да аплицираат. Сепак, тие имаат обврска најдоцна до 15.10.2026 година до Општина Струмица да достават сеопфатен наративен извештај за сите реализирани програмски активности од доделувањето до денес. Од повикот се исклучени граѓанските организации кои веќе користат општински простории на други локации, добиени преку различувачки процедури.

За спроведување на процедурата за избор, распределба и доделување на просториите, градоначалникот со Решение именува трочлена Комисија. Со цел да се обезбеди максимална транспарентност во постапката, еден од членовите на Комисијата ќе биде претставник на граѓанскиот сектор. Заинтересираните претставници од невладиниот сектор можат самоиницијативно да се пријават за членство во Комисијата со поднесување писмо за интерес и лична биографија (CV) до Општина Струмица, со што ќе добијат еднакво право на одлучување како и останатите членови.

Јавниот повик е отворен 15 работни денови од денот на објавувањето. Сите заинтересирани организации дополнителни информации, услови и потребни документи можат да ги најдат на официјалната веб-страница на Општина Струмица.

Извор:
– Web страна на Општина Струмица