Октомври – месец за прифаќање и еднаквост

Соопштение за медиуми од здружението Вера - Струмица

2 мин. читање

Здружение ВЕРА Струмица во месец октомври упатува порака до јавноста за потребата од поголема свест, разбирање и прифаќање на лицата родени со Даунов синдром.

Октомври е можност уште еднаш да се потсетиме дека лицата со Даунов синдром не треба да бидат гледани низ нивната дијагноза, туку како личности – со свои желби, чувства, способности, таленти и соништа.

Тие не бараат сожалување.
Тие бараат прифаќање, почитување и еднакви можности.

Секое дете заслужува да расте во средина во која ќе биде прифатено. Секој млад човек заслужува да биде дел од своето општество. А секој човек со Даунов синдром заслужува да биде виден, слушнат и почитуван.

Нашата приказна во Здружение ВЕРА е тесно поврзана со една девојка – Верче. Таа беше причината поради која здружението беше создадено и преку неа научивме дека различноста не треба да нè разделува.

Напротив.

Различностите нè збогатуваат.

Затоа овој октомври сакаме да потсетиме дека прифаќањето не треба да трае само еден месец. Не треба да постои само еден ден кога ќе зборуваме за инклузија.

Потребно е секој ден да создаваме општество во кое лицата со Даунов синдром ќе имаат можност да учат, да се дружат, да создаваат, да се развиваат и да бидат активен дел од заедницата.

Да не прашуваме прво „Што не може?“, туку да се запрашаме „Што може да постигне ако му дадеме можност?“

Од нас зависи дали ќе има предрасуди или разбирање.
Од нас зависи дали ќе има дистанца или прифаќање.
Од нас зависи дали ќе гледаме ограничувања или можности.

Здружение ВЕРА Струмица верува во општество во кое секој човек има свое место.

Овој октомври да не бидеме само оние кои зборуваат за прифаќање.

Да бидеме оние кои прифаќаат.

Бидејќи различни сме сите.
Но токму затоа сме свои.

Здружение ВЕРА – Струмица