Ново фудбалско уживање за струмичани – Беласица повторно во вечерен термин!

1 мин. читање

Со известување до јавноста ФК Беласица ги поканува сите љубители на фудбалот и симпатизери на клубот да присуствуваат на натпреварот од седмото коло на втората македонска лига против ФК Шкендија А.

Натпреварот ќе се одигра во вечерен термин во недела на 05.10.2025 со почеток во 18:30 часот.

Нашиот тим по шест одиграни кола го дели првото место со Брегалница со по 16 бода, но имаме послаба гол разлика.

Цената на влезницата ќе биде симболични 100 денари.