(Не)среќен роденден Северна!

6 мин. читање

На денешен ден 2018 година беше “неуспешниот” референдум за промена на името на нашата држава Република Македонија во Република Северна Македонија.

По референдумот на 8 септември 1991 година и прогласувањето на независноста од Југославија, нашиот јужен сосед тврдеше дека името на нашата држава имплицира територијални претензии кон истоимениот грчки регион и се спротиставуваа на употрбата на терминот “Македонија”. Две години подоцна во 1993 Македонија беше примена во Обединетите Нации под привременото име “Поранешна Југословенса Република Македонија” (ПЈРМ). Во меѓувреме многу држави не признаа под уставното име.

Со години следуваа неуспешни обиди за преговори од двете страни се до 2018, кога се интензивираа контактите помеѓу двете страни со тоа што на почетокот на годината тогашниот вицепремиер Бујар Османи ја посети Атина и оствари средба со високи Грчки претставници. Набргу по оваа средба следуваше средба помеѓу тогашните премиери на двете држави Зоран Заев и Алексис Ципрас кои се сретнаа на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија на 24 јануари. За прв пат по многу години двајцата лидери покажаа волја и одлучност конечно да стават крај на прашањето за името и конечно да ги подобрат односите помеѓу двете земји.

На 12 јуни 2018, Ципрас објави дека постигнал договор со Заев „кој ги покрива сите предуслови поставени од грчката страна“. Предлогот ќе резултира со преименување на Република Македонија во Република Северна Македонија, со тоа што новото име е за севкупна употреба, надворешна и внатрешна. Заев објави дека договорот вклучува признавање на македонскиот јазик во Обединетите Нации и дека државјаните на земјата ќе бидат нарекувани како и претходно, македонски. Сепак, исто така ќе има експлицитно појаснување дека граѓаните на земјата не се поврзани со античките Македонци. „Со договорот еднаш засекогаш се потврдува и зајакнува македонскиот етнички и културен идентитет, македонскиот јазик, македонската националност. Со него се гарантира и безбедноста на земјата и се овозможува сигурна иднина на граѓаните на РМ“, рече Заев. Договорот бил потпишан на брегот на Преспанското Езеро.

Набргу потоа на седница на Собранието на Република Македонија одржана на 30 јули 2018 година е донесена одлуката за распишување на референдумот.

Прашањето на референдумското ливче гласеше:

Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?

ДИК излезе со резултатите од референдумот. Излезноста била 666,743 или само 36,91% од вкупното гласачко тело од кои 609,813 граѓани или 94,18% од вкупниот број на излезени гласачи гласале ЗА. Против промена на името гласале 37,700 граѓани или само 5,82% од вкупниот број излезени гласачи. Имало и 19,230 неважечки ловчиња или 2,88% од вкупниот број на излезени гласачи. По завршувањето на референдумот ДИК се произнесе дека исходот од гласањето значи дека Одлуката не е усвоена бидејќи не гласале повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список.

Резултатите од референдумот и тоа како беа импликација на две работи, од една страна на силниот притисок од тогашната владеачка гарнитура да се гласа ЗА промена на името и секако нивната меѓународна подршка им го дозволи тоа, но од друга страна неагилноста, неодлучноста и крајно лошите одлуки на тогаш најголемата опозициска партија, која одлучи да не го мобилизира членството така што нивните ставови, односно немањето став по тоа државно прашање, доведе до тоа да само во неколку месеци од најавување и “закани за бојкот” до тоа да само неколку недели пред референдумот тогашниот лидер на опозицијата Христијан Мицкоски излезе со изјава дека партијата ги охрабрува граѓаните да гласаат според нивно сопствено убедување, и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги почитува различните мислења што со други зборови значеше повик да се направи консензус и референдумот да биде успешен. Партијата не учествуваше во референдумската кампања.

Меѓу оние кои ја посетија земјата за поддршка на референдумот беа Ангела Меркел и Себастијан Курц, канцелари на Германија и Австрија, како и Џим Матис, американскиот секретар за одбрана, и Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО. Францускиот претседател, Емануел Макрон, осум дена пред референдумското изјаснување во видео порака до македонските граѓани упати „едноставна, јасна и скромна“ поддршка на Преспанскиот договор.

Тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов кој доаѓаше од ВМРО-ДПМНЕ беше еден од ретките кој барем имаше став и го осуди договорот и ги повика граѓаните да го бојкотираат гласањето.

Сепак набргу потоа, иако референдумот беше неуспешен, преку собраниските клупи, пратениците донесоа одлука да го променат името на државата, а сите добро знаеме на кој начин и со какви механизми. Нема да ги спомнеме бидејќи сепак треба да држеме некое ниво.

Е сега се поставуваат неколку прашања: Дали референдумското прашање не беше лага? Дали сме дел од ЕУ или сме уште подалеку? Дали Македонија е побогата? Дали вредеше да се оди “ALL IN”? Ќе одговара ли некогаш некој за нешто во оваа држава? Дајте си одговор на овие прашања, замижете и замислете желба.

Нека ти е (НЕ)среќен роденденот Северна!