Нема веќе со мобилен на пешачки!

1 мин. читање

Од утре 26ти септември на сила стапуваат нови измени на законот за безбедност во сообраќајот.

Новите измени на законот предвидуваат казни за користење на мобилни телефони и слушалки кај пешаци, велосипедисти и возачи на електрични тротинети.

„Одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност во патниот сообраќај, кои се однесуваат на казни за велосипедисти, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети при користење електронски уреди (слушалки, телефони, таблети итн.), како и казните за пешаци кои користат вакви уреди при преминување улица или велосипедска патека, ќе стапат во сила на осмиот ден од денот на објавување во Службен весник на Република Северна Македонија“, вели портпаролот на МВР, Гоце Андреев.

Казните за премин на пешачки со мобилен во рака или слушалки ќе биде 40 евра, а за возење тротинет или мотор притоа користење на електричен уред, ќе се казнува 50 евра.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат новите правила бидејќи ќе има засилени акции и ќе има нулта толеранција кон прекршителите кои можат да доведат до фатални последици.