Капитенот Ѓоргиев во Романија!

1 мин. читање

Нашиот најдобар играч и долгогодишен капитен на одбојкарската репрезентација на Македонија Никола Ѓоргиев е претставен како огромно засилување на Рапид Букурешт. Од истоимениот клуб истакнаа дека Никола е еден од најдобрите одбојкари кои некогаш играле во романскиот шампионат и истакнаа дека е вклучен во 500 најдобри одбојкари на сите времиња. Тој во Рапид доаѓа од турски Турсад каде помина само една сезона.

За Ѓоргиев ова е уште еден предизвик во богатата интернационална кариера.
Нашиот капитен има настапувано во огромен број шампионати и собрано огромно искуство во изминатите 20тина години од неговата професионална кариера.

,,Одлично се адаптирам на клубот и во новата средина. Се приклучив на екипата на стартот на подготовките на планина и по две недели сега сме во Букурешт каде продолжуваме со работа.
Во клубот има фантастична атмосфера и услови за работа и ги имаме сите предуслови за успешна сезона”, искоментира Ѓоргиев.