Најскапиот фустан на светот од 30 милиони долари

1 мин. читање

Најскапиот фустан на светот е ,,Славејот од Куала Лумпур” чија вредност се проценува на неверојатни 30 милиони долари. Дизајниран е од малезискиот моден дизајнер Фаизали Абдула во 2009 година, а инспириран е од поемата на персискиот поет Хафиз- ,,Розата и Славејот”. Во оваа прекрасна свилена креација од соништата заблеска актерката Кавита Сиду на STYLO Fashion Grand Prix во Куала Лумпур.

,,Славејот од Куала Лумпур”:
– е скроен од блескава црвена свила и тафта;
– e навезен со над 750 дијаманти кои заедно надминуваат 1000 карати;
– во своето средиште има крушест дијамант од 70 карати
– тежи 13 килограми


Овој ,,Славеј” е многу повеќе од фустан, тој е совршен спој на модата и уметноста, на луксузот и елеганцијата.