Младиот генијалец Македон на 12 години примен на Универзитетот „Џонс Хопкинс“

1 мин. читање

Со освоени над 20 златни медали и резултат од 1440 поени на САТ тестот, тој го доби и највисокото признание „Гранд Хонорс / СЕТ“ за исклучителни академски способности.

Дванаесетгодишниот Македон постигна нов голем меѓународен успех со тоа што беше примен во престижната Програма за талентирани млади при светски познатиот Универзитет „Џонс Хопкинс“ во Балтимор, Мериленд (САД). Оваа програма е наменета за ученици од целиот свет кои покажуваат натпросечни академски капацитети.

По спроведеното тестирање, Македон го освои и највисокото признание „Гранд Хонорс / СЕТ“ (Study of Exceptional Talent). Станува збор за статус кој им се доделува на кандидати со исклучително високи постигнувања во областа на математиката и вербалните способности, значително над стандардите за нивната возраст.

Извор:
Facebook профил на Vladimir Makedon Dimitrovski