Мит или вистина? Дали се раѓаат повеќе машки отколку женски деца?

Соодносот е скоро идентичен со мала предност на машките новородени.

2 мин. читање

Односот при раѓањето на машки и женски деца во светот е скоро идентичен со мало водство во нијанси на машките новородени деца со 1.02 до 1.05 машки деца на едно женско. Но испитувањата во војската на САД, посебно кај морнарицата покажало малку поразлични резултати. Околу 50 проценти од персоналот во армијата на САД, се во брак и 39 проценти имаат деца. Кај војниците кои служеле во војската на САД, се забележува во нијанси поголем број на новородени женски деца, кои биле зачнати додека војниците биле во служба на армијата. Научниците шпекулираат дека можно е доколку зачнувањето настане во периодот кога мажите се под поголем стрес, тогаш статистички во нијанси новороденчињата да се женски пол. Се појавува и друг феномен – кај војниците кои се вратиле од првата и втората светска војна. Според истражувањето направено од епидемиологот Брајан Макмејхон, кај нив било забележано дека бројот на зачнати деца во периодот од 1945-1947 година е значително поголем во корист на машката популација. На овој факт научниците имаат теорија дека по завршувањето на војната се намалува нивото на стресните хормони и поради тоа бројот на машки новороденчиња е поголем. Некои тези дават појаснување дека, можно е самата природа, да го компензира губитокот на мажи кои загинале во војната преку раѓање на поголем број машки деца преку колективната свест.

Постојат теории дека машки деца, се раѓаат повеќе во топлите предели, а жените кои се изложени на гладување и намален внес на храна раѓаат повеќе женски деца.

Теориите сеуште не се целосно потвредни, иако во некои ситуации и во одредени моменти има значително поместување на границите.