Миле Гогов – носителот на советничката листа на СДСМ

Како човек сум енергичен, темпераментен и правичен. Иако општеството последните дваесетина години диктира други принципи, мислам основните вредности повторно ќе дојдат на пиедесталот.

6 мин. читање

Зошто се кандидатирате за општински советник?

  • Бидејќи сакам да покажам нешто ново, да внесам нова димензија на нештата. Сметам дека времето носи нови личности, нов бран. Нова енергија. Мислам дека мојата генерација е меѓу последните генерации која растеше во едно време кое беше убаво, со нормално темпо на живеење, но мораше набрзо да се соочи со време кое стана динамично и брзо. Во минатото имаше квалитетни личности, но имаше и личности кои не ги исполнуваа критериумите за да одлучуваати и да поставуваат норми и начини како и во кој правец ќе се развива и напредува Струмица.

Што сте по професија?

  • Доктор по медицина.

Кое е вашето најголемо професионално достигнување?

  • Завршив медицински факултет во Скопје на факултетот Св. Кирил и Методиј, а потоа специјализација по неврологија.

Зошто сметате дека со оваа позиција ќе можете да промените нешто?

  • Бидејќи имам свои гледишта, замисли, принципи. Секојдневно сум со луѓето кои покрај здравствените проблеми и консултации разговараме и за најобични нешта. Знам за скоро сите проблеми кои ги мачат обичните граѓани. Скоро сите кажуваат слична или иста приказна.

Што најмногу ве провоцира и сакате да се обидите да го промените?

  • Ме провоцира умисленоста кај некои личности, нивното преценување на сопствената личност. Ме провоцира недостапноста на одредени функционери и луѓе на позиција кои можат да излезат во пресрет на граѓаните и да помогнат во решавањето на нивните проблеми. Ме провоцира лекувањето на егото и суетата. Сакам да ја сменам поделбата на луѓето по секаква основа.

Како ќе се опишете, каков човек сте?

  • Како човек сум енергичен, темпераментен и правичен. Иако општеството последните дваесетина години диктира други принципи, мислам основните вредности повторно ќе дојдат на пиедесталот. Одговорен. Секогаш на страната на правдата. Искрен и лојален другар. Работам на себе за секој ден за да бидам се подобар во секоја човечка особина. Сум се менувал со времето и некои работи за кои сум сметал дека се добри, сега гледам обратно. Не признавам авторитети, посебно не заслужени.

Што читате?

  • Читам медицина. Читам за астрономија-вселрна, археологија, компјутерски науки. Јас бев не суден програмер читајќи го програмскиот јазик visual basic почнав да програмирам. Ги имам прочитано скоро сите класици. Игор Џамбазов – гол човек , облечен човек го препрочитувам секогаш кога имам некој мисла дали ќе успеам, кога работоте не се по планот бидејќи неговите книги може немаат тежина како некои класици меѓутоа ми даваат волја бидејќи почнува со тежина , а завршува со победа.

Колку книги имате дома?

  • Со медицинските и некои купени пред 30-40 години од моите родители имам над 160. Некои прочитани еднаш. Некои повеќе пати. Некои до половина хахахах.

Какви филмови гледате?

  • Комедија, научна фантастика , акција, трилер. Поретко драма.
    Често гледам документарни филмови на јутуб и слушам подкасти.

Кои ви се топ 3 омилени филмови и зошто?

  • Омилени филмови ми се терминатор франшизата посебно првите два дела, враќање во иднината, храбро срце. Терминатор ми е омилен бидејќи филмот е многу пред времето, каде што работите се предвидени за времето и технологијата во кое што живееме и кое што следува. Враќање во иднината е филм кој што објаснува дека некои работи требало да се случат со некоја причина.
    Брејвхарт со Мел Гибсон е филм кој што покажува дека без разлика колку си помалоброен, можеби и силата не е на твоја страна, битна е решителноста и пораката која ја носи секоја личност која се спротивставува на неправдата.

Имате ли омилени места за патување?

  • Немам места за кои сум врзан. Често патувам до Кавадарци бидејќи од таму потекнува мојата мајка и имам роднини. Сум бил низ неколку европски градови. Имав шанса да патувам повеќе, но не бев во можност поради честите дежурства и состојбата во која се наоѓаше невролошкото одделение во Струмица- беа малку доктори невролози, но сметам дека во иднина ќе посетам места за кои сум сметал како дете дека треба да ги посетам. Пример немав некое посебно убаво мислење за Белград , меѓутоа кога видов дека таму покрај тоа што е голем град, секое маало, секоја населба си живе сама за себе, функционира и си е приказна посебна , го сменив мислењето, така да додека нешто не осетиш не суди. Инаку Струмица не би ја сменил за ниту еден град.

Каква музика слушате?

  • Слушам рок, хип хоп – македонски, рап, балади. Ретко турбофолк, во друштво. Многу често песни од 80-ти и 90- ти и раните 2000 – ти. Новите хитови ретко.

Што ви се допаѓа во градот? Со што се гордеете?

  • Горд сум со старите градби, улици, старите маала, манастири. Горд сум на личности кои оставиле белег во нашата земја и во светот. Горд сум на нашите родители. Горд сум на сите кои останале да се борат и секојдневно со нивната чесна работа прават Струмица да биде убаво место за живеење.
    Ми се допаѓа пристапноста и брзината на скоро сите места. Горд сум на сите нас.

Каде може да ве сретне човек во градот?

  • Се движам во повеќе места и културни настани. На промоции на некои книги. Некои предавања од делот на медицината . Поретко на некои интересни театарски претстави.
    Дружбата со блиските најчесто во Bu-house, Que Pasa, Сцена, а летниот период и Македонска Куќа. Има и нови локали кои допрва ќе ги посетам.