Меѓународен ден против насилство врз жените

25 ноември е Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените. Овој ден е воспоставен од Обединетите нации во знак на сеќавање на сестрите Мирабал, политички активистки од Доминиканската Република кои биле брутално убиени во 1960 година.

2 мин. читање

Основната порака која се испраќа на овој ден е јасна: Насилството врз жените и девојчињата е најраспространетото и најбруталното кршење на човековите права во светот. Тоа не е само прашање на приватен живот или домашен конфликт, туку глобален проблем кој ги поткопува темелите на еднаквоста, мирот и развојот.

Со самото тоа што претставува чин на доминација и контрола, тоа директно го негира правото на живот, правото на слобода и безбедност на личноста, како и правото на достоинство на секоја жена. Насилството се случува независно од возраста, етничката припадност, социјалниот статус, религијата или економската положба на жената.

Активистите симболично го поврзуваат овој датум со 10 Декември – Меѓународниот ден на човековите права, за да го акцентираат овој клучен аспект.

Националната мрежа против насилство врз жените и семејното насилство повторно повикува на итна ратификација на Истанбулската Конвенција (Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство), посочувајќи ја како најсеопфатен меѓународен договор за препознавање и борба против овој вид насилство.

Активистите порачуваат дека државата не прави доволно за да ги заштити жртвите, со оглед на тоа што состојбата на терен и пристапот до ефикасни и одржливи сервиси е непроменет, и покрај трагичните последици.

Извор:
Национална мрежа против насилството врз жените и семејното насилство