Во ера кога светските медицински центри се тркаат во набавка на роботизирана хирургија и молекуларна дијагностика, ЈЗУ Општа болница – Струмица доби засилување од „стратешко“ значење. Општина Василево, во налет на незапирлива филантропија, свечено донираше – еден телевизор.
Настанот, овековечен со задолжителното ракување меѓу градоначалникот и директорот, беше најавен како сериозен чекор кон „унапредување на здравствените услови“. И навистина, ова ќе беше убава вест доколку се друго беше во одлична кондиција во струмичката болница. Само да напоменеме, околу 20 месеци струмичката болница е без апарат за компјутерска томографија и пациентите на свој трошок се препраќаат во другите медицински центри низ државата, а се прави ПР од телевизор од 20 000 денари.
Извори:
– Facebook страна на Општина Василево
– Продажна цена на Телевизорот