Водата во Струмица повторно загадена?

0 мин. читање

Од неофицијални извори екипата на “Моја Струмица” дознава дека струмичката вода повторно има проблеми со питкоста. Неофицијално дозволеното ниво на манган е повишено за 2,4 пати. Очекуваме потврда за следната информација. Како и да е, екипата на “Моја Струмица” забележа и зголемено купување на флаширана вода за пиење што е уште еден доказ дека водата од водоводот е со нарушен квалитет.