БРАЗИЛ ПРЕЗЕМА ИСТОРИСКИ ЧЕКОР: ГО УКИНУВА ОБЛОЖУВАЊЕТО ВО ЦЕЛАТА ЗЕМЈА

Пример за цел свет: кога профитот ќе се судри со човекот, семејството и иднината на децата.

1 мин. читање

Бразил презема досега невиден чекор во борбата против обложувањето. Претседателот Луис Инасио Лула да Силва на 25 септември потпиша мерка со која се забрануваат спортските обложувања и игрите со фиксен коефициент – и во физичка и во виртуелна форма, како и нивното нудење, посредување и рекламирање низ целата земја. Мерката не ги опфаќа другите законски дозволени лотарии.

Со одлуката Бразил испраќа силна порака за последиците од обложувањето – задолжувањето, зависноста и нарушувањето на семејниот живот. Владата паралелно воведува и мерки за заштита на задолжените семејства.

Оваа одлука отвора многу пошироко прашање од економијата. Што му должиме на човекот и на семејството кога пазарот се обидува да заработи од неговата слабост?

Во време кога обложувањето стана дел од секојдневието, Бразил избра да ја стави во центарот дискусијата за одговорноста, семејството, достоинството и иднината на децата.

Бразил направи чекор што ќе го следи целиот свет. А можеби најважното прашање допрва доаѓа: дали и другите општества ќе се запрашаат што губиме кога коцкањето станува поважно од семејството?

Извор: https://www.gov.br/saude/pt-br/assuntos/noticias-ms/2026/setembro/presidente-lula-assina-medida-provisoria-que-proibe-as-bets-no-brasil