Струмица останува општина без јавен и транспарентен конкурс за култура

1 мин. читање

Додека Општина Гевгелија на најтранспарентен начин распишува конкурс за финансирање на културата за идната година, Општина Струмица со децении е заглавена во креирање и буџетирање на културата со средби во четири очи, со предлози и желби кои се исполнуваат без строго определени правила, базирани на ,,барања”, без конкурс и стручна комисија која ќе ги разгледува и оценува апликациите.

Општина Гевгелија објави Конкурс за финансирање програми и проекти од областа на културата од интерес на општината за 2027 година, со цел поддршка на културните активности, развојот и афирмацијата на културата на локално ниво. На Конкурсот можат да учествуваат физички и правни лица, уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, трговски друштва и други регистрирани субјекти кои работат во областа на културата.

Дали некогаш сме прочитале ваков јавен оглас за Струмица?
Не! Ќе почекаме можеби уште неколку години. Дотогаш културата во градот ќе се финансира по принципот на желботека и лични познанства.