Во рамките на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“, Хуманитарното здружение „Мајка“ од Куманово, во соработка со Организацијата на жени од Струмица, организира јавна дебата на тема „Женско лидерство како огледало на заедницата“.
Настанот е закажан за утре, 28 октомври 2026 година (среда), со почеток во 14:30 часот, а ќе се одржи во Салата на Младинскиот совет при Општина Струмица. Во фокусот на дискусијата ќе бидат:
- учеството на жените во локалното одлучување,
- пристапот до постојните механизми за граѓанско учество,
- идентификација на локални предизвици,
- креирање конкретни препораки за потранспарентни, поинклузивни и родово
одговорни локални политики.
Од Организацијата на жени од Струмица ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да го проследат овој настан и да дадат свој придонес кон унапредувањето на родовата рамноправност и женското лидерство на локално ниво.